Ekipa
21 Февруари 2017•Ажурирај: 22 Февруари 2017
РАБАТ (АА) – Министерството за образование на Мароко соопшти дека во земјата се затворени училиштата „Мухамед Фатих“, кои ѝ припаѓаат на терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
„На претходно определен датум, училиштата се затворени врз основа на донесената одлука за затворање на сите образовни институции поврзани со училиштата ‘Мухаммед Фатих’“, се вели во писмената изјава на министерството.
Во изјавата се наведува дека со цел да им се гарантира правото на образование, учениците биле запишани во разни приватни или државни образовни институции, во согласност со препораката на образовните институции и со желбата на родителите.
Министерството за внатрешни работи на 5. јануари донесе одлука за затворање на осумте училишта во градовите Казабланка, Фес, Татван и Ел-Џадида, кои се ограноци на училиштето „Мухаммед Фатих“, основано 1993 година во мароканскиот град Тангер. Министерството тогаш издаде соопштение дека за еден месец ќе започне со примената на одлуката за затворање на овие училишта.
Управниот суд на Казабланка ги одби приговорите на родителите и на управата на училиштето за донесената одлука за затворање на образовните установи на ФЕТО од страна на Министерството за внатрешни работи на Мароко.
Во соопштението на судот се вели дека приговорите не биле прифатени бидејќи Управниот суд не може да ги откаже донесените одлуки од страна на Министерството за внатрешни работи.