Zehra Ulucak
22 Ноември 2019•Ажурирај: 22 Ноември 2019
АНКАРА
Клаудија Шајнбаум, градоначалничката на Мексико Сити, главниот град на Мексико, соопшти дека започнале кампања против насилството врз жените, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според статистичките податоци, минатата година во Мексико се убиени 3.662 жени, а во првите 6 месеци од оваа година забележано е дека се убиени 1.834 жени, од кои 107 во Мексико Сити.
Според веста што ја објави „Ел Универсал“ (El Universal), најголемиот весник во Мексико, градоначалничката Шајнбаум на својот профил на социјалната мрежа Твитер објавила соопштение во врска со преземените превентивни мерки за спречувањето на насилството врз жените.
Шајнбаум ги навела мерките преземени за заштита на жртвите, истакнувајќи дека приоритет е воспоставување јавни политики за отстранување на насилството базирано врз пол.
Шајнбаум наведува дека со поддршка на локалните власти зголемен е бројот на истраги и приведувања против сексуалните насилства, но истакнува дека за жал продолжува зголемувањето на бројот на сексуални напади и силувања.