Muhammet Nazım Taşcı
05 Април 2020•Ажурирај: 06 Април 2020
МЕКСИКО (АА) - Деветнаесет лица загинаа, а едно е повредено во судирот меѓу ривалските наркокартели во мексиканската држава Чиуауа во близина на американската граница, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Официјални лица истакнаа дека по судирот во едно село во областа Мадера се запленети две гранати, голем број оружје и возила.
Исто така нагласија дека во судирот загинале 19 лица, а дека едно лице е повредено.
Во областа се испратени голем број припадници на безбедносните сили.