Fatma Zehra Solmaz
25 Февруари 2026•Ажурирај: 26 Февруари 2026
ИСТАНБУЛ (АА) – Мексиканската Влада во вторникот прати два брода со хуманитарна помош во Куба, кои носат повеќе од 1.000 тони резерви, јавува Анадолу.
Бродовите „Папалоапан“ и „Хуастеко“, испловија од пристаништето Велакруз, натоварени со 1.193 тони продукти, меѓу другото, грав и млеко во прав, објави весникот „Ел универсал“.
Пратката содржи и 23 тони хуманитарна помош собрана од организации на граѓанското општество, со поддршка од Владата на Мексико Сити, во собирен центар формиран во Историскиот центар.
Се очекува поморскиот транспорт да трае околу четири дена, вклучени се повеќе од 350 припадници на морнарицата, а има кран и пет виљушкари.
Оваа помош е дополнување на претходно пратените 814 тони од владата на Клаудија Шеинбаум.
Куба се соочува со најдлабока економска криза во последните децении откако изминатите недели Соединетите Американски Држави го зголемија притисокот врз островот под комунистичка власт, преземајќи чекори за блокирање на пратките со нафта, вклучително и резервите од сојузникот Венецуела.
Оваа мерка предизвика пораст на трошоците за храна и транспорт, доведе до сериозен недостиг на гориво и резултираше со долготрајни прекини во снабдувањето со електрична енергија низ целата земја.