Sinan Doğan
08 Март 2019•Ажурирај: 10 Март 2019
АНКАРА (АА) - Во мексиканскиот град Чијапас се преврте камион кој превезувал мигранти. Во несреќата животот го загубија 25 лица, а 29 се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Според вестите објавени во националните медиуми, во градот Колонија Франсиско Сарабија, кој се наоѓа во сојузната држава Чијапас, се превртел камион кој превезувал мигранти. Според првичните информации, во несреќата животот го загубиле 25 лица, а 29 се повредени. Властите ја изразија својата загриженост од можноста за зголемување на бројот на загинати.
Регионалниот обвинител започна истрага за откривање на причините за несреќата.