Mahmut Atanur
08 Март 2019•Ажурирај: 10 Март 2019
ЏАКАРТА (AA) - Земјотрес со јачина од 5,3 степени по Рихтер ја погоди покраината Папуа, во Индонезија, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Кабинетот за метеорологија и геофизика на Индонезија (BMKG) соопштено е дека епицентарот бил на 71 километар од Јалим. Регистриран е на длабочина од десет километри.
Според прелиминарните податоци, нема човечки жртви, а не е забележана ниту материјална штета. По земјотресот не е издадено предупредување за цунами.
Во септември минатата година разорниот земјотрес на островот Сулавеси предизвика цунами во кое животот го загубија најмалку 4.340 луѓе.
Индонезија се наоѓа во таканаречениот Пацифички огнен прстен и често е упориште на земјотреси, вулкани и други прирордни катастрофи.