Aynur Şeyma Asan
04 Август 2023•Ажурирај: 05 Август 2023
АНКАРА (АА) - Во сообраќајна несреќа во која учествувал автобус со странски државјани во Мексико загинаа 18 лица, а 23 се повредени, јавува Анадолу.
Автобусот, кој сообраќал од главниот град на Мексико кон Тихуана, паднал од околу 40 метри височина.
Загинаа 18 лица, меѓу кои и деца, а 23 се повредени.
Возачот на автобусот, кој преживеал и наводно заспал на воланот, е приведен.
Се проценува дека во автобусот имало 42 лица, од кои повеќето државјани на Индија, Доминиканска Република и африкански земји.
Се верува дека патниците во автобусот се нерегуларни мигранти што се обидувале да ја преминат границата со САД.