Zehra Ulucak
08 Април 2017•Ажурирај: 09 Април 2017
МЕКСИКО (АА) – Мексиканската влада, ќе им даде дозвола за престој на 588 Кубански мигранти, кои останаа заглавени во градот Нуево Ларедо, на границата со САД, откако американското раководство донесе одлука за забрана за мигранти, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението коe пристигна од Институтот за национална безбедност се наведува дека, ќе им биде издадена дозвола за престо на заглавените кубански мигранти во градот Нуево Ларедо, на границата меѓу Мексико и САД, но дека овој статус нема да биде за политички азил, или бегалски, затоа што, како што велат, „мигрантите не се соочуваат со било каков прогон“.
Најпрво ќе им биде дадена дозвола за престој на 273 Кубанци во најкраток можен рок, се вели понатаму во соопштението.
Кубанските мигранти пак кои се наоѓаа во јужниот дел на Мексико, беа депортирани во нивните држави.
Поранешниот американски претседател, Барак Обама, пред да му истече мандатот, објави претседателски декрет, со кој изјави дека ѝ става крај на политиката за издавање на дозвола за престој на Кубанците, кои влегуваат без виза во државата.
Со укинувањето на политиката на издавање дозвола за престој за мигрантите кои влегуваат во САД по илегален пат, Кубанските мигранти започнаа да бидат третирани како и останатите мигранти, кои доаѓаат од други држави.