Erbil Başay
14 Јануари 2020•Ажурирај: 15 Јануари 2020
БЕРЛИН (АА) - Германската канцеларка Ангела Меркел, за Берлинската конференција за Либија која ќе се одржи на 19 јануари, недела, упати покани на ниво на претседатели и премиери на држави, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писмената изјава на Кабинетот за односи со медиуми и информации на германската Влада се потсетува дека Германија одвреме-навреме била домаќин на процесот на консултации за Либија, со цел да се следи работата на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш и на либискиот специјален претставник Гасан Саламе.
„Целта е со група земји и меѓународни организации да се поддржат ОН во процесот на помирување на Либија“, се истакнува во соопштението и се додава дека во Берлин во последните месеци се одржани многу состаноци за Либија.
Во овој контекст, канцеларката Меркел се состана со генералниот секретар на ОН, Гутереш, и донесе одлука на Берлинската конференција за Либија, која ќе се одржи на 19 јануари, да упати покани на ниво на претседатели и премиери на држави.
На Конференцијата се поканети Соединетите Американски Држави (САД), Русија, Велика Британија, Франција, Кина, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Турција, Република Конго, Италија, Египет, Алжир, како и Обединетите нации (ОН) и Европската Унија (ЕУ). Исто така ќе учествуваат претставници на Африканската Унија и Арапската лига, претседателот на Советот на Владата за национално единство (УМХ) на Либија, Фаиз ес Серак, и Калифа Хафтар, лидерот на нелегитимните вооружени сили на истокот на Либија.