Şerife Çetin
14 Јануари 2020•Ажурирај: 16 Јануари 2020
БРИСЕЛ (АА) - Началниците на генералштабовите од војските на 29-те земји членки на НАТО се состанаа во Брисел со цел да разговараат за важните актуелни теми од агендата на Алијансата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Состанокот, кој ќе трае два дена, се одржува под водство на шефот на Воениот комитет, генерал Стјуарт Пич. Меѓу учесниците на состанокот е и началникот на Генералштабот на Армијата на Северна Македонија, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски.
Турција на овој состанок е претставувана од началникот на Генералштабот на турската Војска, генерал Јашар Ѓулер.
Пич пред состанокот даде изјава за медиумите, во која рече дека главните теми на агендата се способноста на НАТО за одбрана и одвраќање, мисијата за обука во Ирак, мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан, КФОР во Косово, Русија, како и односите со партнерите.
Тој истакна дека во 2019 година беше одбележана 70-годишнината од постоењето на НАТО, а беше и официјализиран процесот за членство на Северна Македонија во НАТО.
Според него, НАТО се приспособува себеси за новите случувања и продолжува да биде посилен.
Пич нагласи дека пред 2014 година, Алијансата почнала да ја спроведува најсеопфатната стратегија во последните години што се однесува до зајакнувањето на заедничката одбрана.