Erbil Başay
11 Септември 2019•Ажурирај: 12 Септември 2019
БЕРЛИН
Германската канцеларка Ангела Меркел, за време на разгледувањето на буџетот за 2020 година имаше свое обраќање пред Федералното собрание на кое упати повик до европските земји на поблиска соработка наспроти фундаменталните промени во светот, јавува Anadolu Agency (AA).
„Зголемените несогласувања меѓу САД и Кина и во исто време повторното геостратешко зајакнување на Русија имаат фундаментални последици врз Европа“, изјави Меркел, додавајќи дека излегувањето на Британија од Европската Унија (Брегзит) ќе ја ослаби Европа.
Меркел истакна дека Европа во моментов се наоѓа во свет во кој од една страна се наоѓаат воено и политички супермоќните САД, кои и покрај сите разлики во мислењата со Европа, се совпаѓаат со системот на нејзините вредности, а од друга страна се наоѓа Кина, која е во подем во воената моќ, како и на економско поле, додавајќи дека Европа во еден таков свет треба да се раководи според систем кој вклучува мултилатерализам.
Меркел повтори дека како што беше тоа случај и во периодот на Студената војна, САД нема на себе да ја преземат улогата за заштита на Европа, упатувајќи апел до Европа да биде силна.
Осврнувајќи се на минатонеделната посета на Кина, Меркел посочи дека е неопходно почитувањето на човековите права и на тие простори, додавајќи дека тоа важи и за развојот на настаните во Хонгконг, истакнувајќи дека ја смета за правилна политиката на два система во една земја.
- Сѐ уште има можност за регуларен Брегзит
Во врска со излезот на Британија од ЕУ, Меркел изјави „Сѐ уште има можност тоа [излегувањето] да биде изведено на регуларен начин. За тоа да биде можно, германската Влада ќе вложи напори.“
Таа подвлече дека нејзината земја е подготвена и за нерегуларен Брегзит.
Германската канцеларка изјави и дека е потребно во Сирија да започне политичкиот процес, истакнувајќи дека одговорноста по тоа прашање ја сноси Европа.
- Борба против расисзмот
Во однос на зголеменото непријателство кон странците, Меркел посочи „Потребно е да се бориме против секојдневното насилство и говорот на омраза врз Евреите и странците“, потенцирајќи дека против расизмот треба да се покаже нула толеранција.