Ramazan Özdemir
31 Декември 2015•Ажурирај: 04 Јануари 2016
ХАТАЈ (АА) - Граѓанската војна која трае веќе пет години предизвика раселување на милиони жители на таа земја. Сириските бегалци кои засолниште најдоа во бегалските кампови во Турција во Новата годиа нема да влезат со големо воодушевување, а едниствена желба им е во нивната земја да има мир.
Во турскиот град Хатај, во близина на границата со Сирија, денеска живеат десетици илјади бегалци од Сирија. Некои од нив живеат во бегалскиот камп, додека некои успеаа да да се адаптираат на животот во рамките на самиот град, пренесува Anadolu Agency (AA).
Еден од Сиријците кои денеска живрат во Хатај е и Али Дип, инаку од сиријскиот град Лазкија. Во разговорот со новинарот на АА рече дека пред пет години беше приморан да ја напушти својата земја.
Како што вели, се навикна на животот во Турција и има се што му е потребно.
"Она што е мојата желна во 2016 година е во Сирија конечно да дојде мир. Сакам да престанат страдањата на моите сонародници" , вели Дип.
Теслима Везир (18) е млада Сиријка која исто така мораше да ја напусти својата земја поради војна, а денеска престојува во местото Јајладаги, во градот Хатај.
Не се жали на условите кои и се пружени во Турција и нагласува дека успеала да го продолжи образованието. Сепак, додава, родната земја секогаш и е во мислите.
Сирија во која наместо судири и војна, ќе има мир и благостостојба е нејзината желба во наредната 2016 година.
Од март 2011 година кога почнаа судирите кои подоцна прераснаа во граѓанска војна во Сирија помеѓу силите лојални на претседателот Башар ал-Асад и бунтовнициет загинаа повеќе од 200 илјади луѓе, милиони Сиријци беа приморани да ги напуштат своите домови.
Повеќето сириски бегалци засолнитето го пронајдоа во соседните емји Турција и Либија. Меѓутоа, по повеќе години војна чиј крај сеуште не се гледа и по појавувањето на терористичката организација ДАЕШ, Сиријците масовно тргнаа на пат кон земјите на ЕУ. Од почетокот на оваа година повеќе од 3.500 мигранти ги загубија животите обидувајќи се да го поминат Медитеранот. Од почетокот на 2015 година повеќе од 800.000 мигранти настојуваа да прејдат до Западен Балкан.