Bedrudin Brlyavac
31 Декември 2015•Ажурирај: 02 Јануари 2016
ХОНГ КОНГ (АА) - Кинезите со незаборавен огномет влегоа во Новата година, јавува Anadolu Agency (AA).
Жителите на Кина со огномет на пристаништето Викторија во Хонг Конг влегоа во 2016 година.
Неколку стотици илјади луѓе се собраа на централните улици на Хонг Конг за да ја дочекаат Новата година.
Дочекот на Новата година започна во Австралија со традиционален, спектакуларен огномет кој блескаше над Сиднејскиот залив.
Пиротехничкиот спектакл над Сиднејската опера и пристанишниот мост на секој први јануари е голем новогодишен настан во светот.