Ekipa
11 Август 2018•Ажурирај: 12 Август 2018
СИТАК (AA) - Вработен во авиокомпанија во петокот навечер украде авион од аеродром во Сиетл, а потоа се урна на малиот остров Паџет Саунд, јавува Anadolu Agency (AA).
„Првичните информации покажуваат дека до несреќата дошло поради тоа што 29-годишно машко лице правело акробации во воздух и затоа што немало доволно летечки вештини“, рече Пирс Кантри од кабинетот на шерифот.
Ед Тројер, портпаролот на Одделот на шерифот, на социјалната мрежа Твитер напиша дека лицето имало самоубиствена намера и дека овој чин нема врска со тероризмот. Не е позната неговата здравствена состојба.
На видеозаписите се гледаат акробации на авионот „Horizon Air Q400“, во кој немало патници.
Властите во почетокот наведоа дека 29-годишното лице било механичар, меѓутоа, „Алјаска ерлајнс“ подоцна соопшти дека се верува дека е агент на теренската служба Хоризон.
Грабнатиот авион го следеле два борбени авиона „Ф-15“, но не учествувалњ во неговиот пад.
Тројер рече дека пилотите ги штителе луѓето на теренот.