Sayed Khodaberdi Sadat
11 Август 2018•Ажурирај: 12 Август 2018
КАБУЛ (AA) - Авганистанските безбедносни сили успеаја да ги неутрализираат милитантите кои вчера изведоа напад на центарот на авганистанскиот град Газне, а во овој судир се неутрализирани најмалку 100 Талибанци, јавува Anadolu Agency (AA).
Гласноговорникот на Министерството за внатрешни работи, Неџиб Данис, на новинарите им рече дека талибанските милитанти се приближија до центарот на градот, но дека со доаѓањето на засилувањето, нападот е потиснат.
„Убиени се најмалку 100 Талибанци. Меѓу припадниците на безбедносните сили имаме 26 загинати“, рече Данис.
Очевидците изјавија дека во текот на вчерашните судири во центарот на градот загина и еден новинар.
Талибанците објавија соопштение во кое тврдат дека презеле контрола над бројни точки во центарот на градот.