Şerife Çetin
03 Јуни 2018•Ажурирај: 04 Јуни 2018
БРИСЕЛ (АА) - За време на градежните работи на аеродромот во белгискиот главен град Брисел, пронајдена е бомба која датира од Втората светска војна, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на аеродромот во Брисел, бомбата била деактивирана од страна на ДОВО (DOVO), тим на белгиската војска за деактивирање експлозиви.
Се истакнува дека бомбата датира од Втората светска војна и дека процесот на деактивирање се одвивал без да бидат загрозени патниците и без пречки во авиосообраќајот.
Во Западниот фламански регион на Белгија често се открива муниција која датира од периодот на Втората светска војна.