Emre Aytekin
03 Јуни 2018•Ажурирај: 04 Јуни 2018
КАРАКАС (АА) - Со цел релаксирање на односите во земјата, венецуелскиот претседател Николас Мадуро во изминатите два дена ослободи вкупно 79 притворени активисти на опозицијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Со освоени 68 отсто од гласовите, Мадуро на изборите на 20 мај повторно беше избран за претседател на Венецуела, но економската криза и длабоките политички поделби во земјата останаа на сцена.
Мадуро, кој ќе остане на чело на државата до 2025 година, вети дека ќе направи исчекор кон зајакнување на дијалогот и единството во Венецуела.
Во тој контекст, во петокот од венецуелските затвори пуштени се 39 затвореници, а синоќа ослободени се уште 40 активисти на опозицијата кои беа уапсени главно за време на антивладините протести.
Меѓу ослободените опозиционери се и двајца поранешни пратеници и син на поранешен министер за одбрана од периодот на владеењето на венецуелскиот претседател Хуго Чавез, кои беа затворени за време на антивладините протести во 2014 година.