Islam Doğru
15 Јуни 2022•Ажурирај: 16 Јуни 2022
ЊУЈОРК (АА) - Во американската сојузна држава Охајо донесен е закон со кој на наставниците им се дозволува да носат оружје во училиштата по краток период на обука од 24 часа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Нацрт-законот, усвоен од законодавниот дом на Охајо, беше потпишан од гувернерот Мајк Девин.
Девин во изјавата дадена за локалното радио ВФМЈ (WFMJ), рече дека треба да се преземат мерки на претпазливост против зголемените напади со оружје во училиштата.
„Најдобро е да имаш полицаец на училиште, но секое училиште не може да си го дозволи тоа“, нагласи тој.
Во заедничката изјава, Федерацијата на наставници во Охајо и Здружението за образование во Охајо законот го опишаа како „опасен и неодговорен“, наведувајќи дека без соодветна обука оружјето ќе се внесува во училиштата, а учениците ќе бидат помалку безбедни.
Новиот закон, познат како „Собраниски закон 99“, им дозволува на наставниците во основните и средните училишта да носат оружје по обуката не подолга од 24 часа.
Во 28 држави во САД, наставниците кои имаат дозвола за носење оружје со знаење и одобрение од училишната управа, може оружјето да го носат во училиштата.