Gökhan Kavak
15 Март 2021•Ажурирај: 16 Март 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Сомалиската Влада објави дека на 2,5 милиони луѓе во земјата им е потребна хуманитарна помош поради епидемијата на коронавирусот, терористичките напади и природните катастрофи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Епидемијата на коронавирусот, проблемот со пивката вода, поплавите и тероризмот се меѓу главните предизвици за Сомалија“, наведе сомалиската министерка за хуманитарни прашања и управување со катастрофи, Кадиџа Дирије.
Таа порача дека на 2,5 милиони луѓе во светот потребна им е хуманитарна помош поради епидемијата, тероризмот и природните катастрофи.
Сомалискиот министер за финансии, Абдирахман Дуале Белиех, изјави дека Организацијата за исламска соработка (ОИС), Обединетите нации и Светската банка позитивно одговориле на повиците на Владата за помош.
Кабинетот за координација на хуманитарните работи на Обединетите нации (OCHA) предупреди дека моменталната политичка напнатост во Сомалија ја продлабочила хуманитарната криза во земјата и напомена дека 800.000 луѓе морале да мигрираат.