Hatice Kesgin
22 Февруари 2016•Ажурирај: 22 Февруари 2016
КОЊА (АА) - Една од најголемите турски хуманитарни организации, Турската фондација за хуманитарна помош (IHH) од 1992 година ширум Африка направи над 6.000 бунари, јавува Anadolu Agency (AA).
Заменикот претседател на организацијата, Хасан Ајнаџи, рече дека станува збор за бунари во 19 африкански земји погодени со суша.
„Во текот на изминатите 24 години во Африка изградивме 6.000 бунари, нагласи Ајнаџи за АА”.
Само во Сомалија, која е една од најсиромашните африкански држави, изградени се 36 бунари кои со вода снабдуваат над 150.000 жители. Оваа земја е погодена со суша од 2011 година додека 4,7 милиони луѓе имаат потреба од хуманитарна помош.
Инаку, податоците на Обединетите нации (ОН) покажуваат дека со суша се погодени над 13 милиони жители кои живеат на т.н Рог на Африка (Сомалискиот Полуостров кој го сочинуваат Џибути, Етиопија, Еритреја и Сомалија).