Adis Karaca
15 Март 2019•Ажурирај: 17 Март 2019
САРАЕВО (АА) - На оружјето на Брентон Трант, 28-годишниот Австралиец кој го изврши терористичкиот напад врз џамијата во Нов Зеланд, беа испишани имињата на српски историски личности кои се бореа против Османлиите, јавува Anadolu Agency (AA).
Тарант во својот манифест, како и на оружјето што го користел за време на смртоносниот напад во кој се убиени 49, а ранети најмалку 20 лица, го споменуваше Милош Обилиќ, кој учествуваше во Косовската битка во 1389 година против тогашната Османлиска војска.
Напаѓачот, исто така, го испишал и името на цар Лазар, на кој Обилиќ му служел, а кој е убиен во борбите со Османлиите.
На оружјето беше испишано и името на Баја Пивљанин, ајдук кој дејствувал на подрачјето на Херцеговина и Јужна Далмација, територии кои во 17 век биле под контрола на Османлиите.
Испишани беа и имињата на Новак Вујошевиќ, кој го водеше востанието против Османлиите, и црногорскиот генерал Марк Миљанов.
За време на возењето на автомобилот со кој е извршен терористичкиот напад врз џамијата, Тарант слуша песна на српски јазик со стиховите „Караџиќ води ги Србите свои, нека се види дека од никој не се плашат. Од Краљина тргнаа волците, чувајте се усташи и Турци“.
Радован Караџиќ беше лидер на босанските Срби за време на војната во БиХ од 1992 до 1995 година. Тој пред Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија во Хаг во 2016 година е осуден на 40 години затвор поради геноцид, здружено злосторничко движење и најтешки воени злосторства.
Во својот манифест Тарант споменуваше и голем број други имиња од европската историја во контекст на борбата против исламот.
Премиерот на Австралија, Скот Морисон, изјави дека ја добил информацијата за манифестот, кој го опиша како дело на омраза.
На 74 страни од манифестот напаѓачот пишувал против имиграциите, мултикултурализмот, а се пожалил на пропаѓањето на западноевропската бела култура.
„Моето потекло и мојот јазик се европски, мојата култура е европска, моите политички верувања се европски, моите филозофски верувања се европски. Мојот идентитет е европски, и најважно, мојата крв е европска“, напиша Тарант.
Тарант себеси се опиша како етнонационалистички екофашист, а претходно себеси се сметаше за колумнист, анархист и либертаријанец.