Serhat Bağbars
18 Јули 2017•Ажурирај: 20 Јули 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Барселона, клубот од шпанската фудбалска лига (Ла Лига), оствари 708 милиони евра приход во сезоната 2016 – 2017, јавува Anadolu Agency (AA)
Според соопштението на шпанскиот клуб, со остварен приход од 708 милиони евра во сезоната 2016 – 2017, тој постигна рекорд во историјата на клубот.
ФК Барселона соопшти дека нето-добивката на клубот изнесува18 милиони евра.
Како што соопштија од клубот, неговата управа позитивно ја поздравила табелата со стратешки план, која има за цел до 2021 година да постигне приход од 1 милијарда евра.