İdris Okuducu
10 Ноември 2019•Ажурирај: 11 Ноември 2019
БАГДАД (АА) - Во антивладините протести кои се во тек повеќе од еден месец во Ирак, загинаа 319 демонстранти, додека 15.000 демонстранти се повредени, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Комисијата за човекови права при ирачкиот Парламент се наведува дека 319 демонстранти загинаа, додека 15.000 лица се повредени во демонстрациите кои од 1 октомври траат во земјата.
Организацијата „Амнести интернешенл“ (Amnesty International) упати апел до ирачките власти да се стави крај на користењето смртоносна сила врз демонстрантите.
Ирачаните одржуваат демонстрации во различни места во земјата за да го искажат својот револт против невработеноста, корупцијата и недоволните јавни услуги.