Zehra Ulucak
11 Декември 2018•Ажурирај: 11 Декември 2018
САН ДИЕГО (АА) - Во текот на протестите на мексиканската граница приведени се 32 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на граничните патроли на Соединетите Американски Држави (САД), Едуардо Олмос, потврди дека во текот на протестите на границата која го дели Сан Диего и Тихуана приведени се 32 лица кои се обиделе илегално да ја поминат границата.
На протестите се собрала група од околу 300 лица, барајќи депортација на мигрантите и крај на милитаризацијата на границата.
Новинарите од теренот јавуваат дека ставени им се лисици на голем број демонстранти.
Над 9.000 мигранти од земјите на Средна Америка, најголем број од Хондурас, стигнаа во Тихуана, Мексико, и чекаат САД да им отворат врата.
Американската полиција на 25 ноември при интервенцијата користеше солзавец, а последиците ги почувствува и мигрантката од Хондурас, Марија Лила Меза Кастро и нејзиниот син. Оваа мајка на пет деца е една од многуте кои чекаат на границата. Таа побара помош и од американскиот претседател Доналд Трамп.