Ekipa
10 Декември 2017•Ажурирај: 11 Декември 2017
ПАРИЗ (АА) - Траект со 313 лица се насука денес во Кале на северниот дел на Франција, прекинувајќи го сообраќајот преку Англискиот канал, пренесува Anadolu Agency (AA).
Властите на префектурата Па де Кале соопштија дека траектот удрил во пристаништето поради лошите временски услови и силните налети на ветрот.
Во таа незгода немаше повредени, а како наведуваат локалните официјалните лица ситуацијата е под контрола.
Компанијата „P&O“ соопшти дека еден од нивните траекти се насукал, и најави брз трансфер на патниците на друго пловило.
Во тек е акцијата на извлекување на траектот.