Emre Aytekin
01 Јули 2019•Ажурирај: 02 Јули 2019
ДАМАСК (АА) - Се тврди дека израелските воени авиони извршиле воздушен напад врз сириските подрачја, кои се под контрола на Асадовиот режим, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на официјалната новинска агенција на сирискиот режим, САНА, израелските авиони од воздушниот простор на Либан бомбардирале некои надворешни населби на Дамаск и некои воени позиции во градот Хомс.
Се вели дека во нападите загинале најмалку четири цивили, додека 21 цивил се повредени.
Се додава дека меѓу жртвите и повредените има и деца.
Израелските власти не дадоа коментар во врска со ова прашање.
Израелските авиони на 12 јуни бомбардираа воена позиција на режимот во јужниот дел на земјата.