Ruslan Rehimov
09 Февруари 2021•Ажурирај: 10 Февруари 2021
БАКУ
Во Нагорно Карабах, од прекинот на огнот до денес 14 Азербејџанци ги загубија животите како резултат на експлозија на мини поставени од ерменските сили за време на периодот на окупација, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Главното обвинителство на Азербејџан ги соопшти податоците за загинатите поради експлозија на мини на териториите ослободени од окупацијата од 10 ноември 2020 година, кога беше потпишан договорот за прекин на огнот со Ерменија, сè до денес.
Според изјавата, 14 Азербејџанци, од кои 5 војници и 9 цивили, ги загубиле животите поради мините поставени од ерменските сили.
Во истиот период, 52 војника и 8 цивили се повредени од експлозија на мина.
Јавниот обвинител ги предупреди граѓаните да не влегуваат на териториите ослободени од окупацијата сè додека не бидат целосно исчистени од мини.