Adam Abu-bashal
09 Јуни 2021•Ажурирај: 10 Јуни 2021
АБУЏА
Во Нигерија над 62.000 училишта се незаштитени од напади, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Генералниот командир на Агенцијата за безбедност и цивилна одбрана на Нигерија, Ахмед Ауди, соопшти дека поради нападите што ги имаат како цел училиштата во последен период во земјата, се вршат истражувања за осигурување на безбедноста на овие училишта.
Ауди нагласи дека според направените истражувања, во земјата има околу 81.000 училишта, од кои над 62.000 се незаштитени од напади.
Според него, поголемиот дел од овие училишта се државни училишта.
„Тие немаат физичка безбедност. Тоа покажува колку нашите деца се незаштитени од каков било напад“, рече тој.
Ауди истакна дека оваа агенција започнала работи за наоѓање технолошки решенија со цел набљудување и следење на критичните национални средства и инфраструктури низ земјата.
Инаку, најмалку 10 ученици загинаа во нападите извршени од јануари досега во земјата, чија цел биле ученици, додека над 300 ученици се киднапирани.
Како резултат на нападите, голем број училишта и универзитети беа принудени привремено да ја прекинат наставата.