Abdel Ra'ouf D. A. R. Arnaout
21 Април 2022•Ажурирај: 22 Април 2022
КУДС (АА) - Повеќе од 700 израелски доселеници денеска насилно влегоа во комплексот на Џамијата „Ал Акса“ во окупираниот источен Кудс (источен Ерусалим), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението, Одделот за исламски вакаф управуван од Јордан, кој ги надгледува светите места во Кудс, изјави дека 762 доселеници упаднале на локацијата и останале околу три и пол часа.
Пред упадот на доселениците, израелската полиција упаднала во комплексот и ги истера верниците, според очевидците.
„Израелската полиција истрела метални куршуми обложени со гума и звучни бомби во дворот и во внатрешноста на Џамијата „Ал Кибли““, додадоа тие.
Бројот на повредени не е утврден, но израелската полиција во соопштението изјави дека двајца Палестинци биле повредени во Џамијата „Ал Кибли“, каде што верниците протестираа против нападот.
Упадите поврзани со еврејската Пасха завршија денеска, по пет последователни денови кога вкупен број од 3.670 доселеници насилно влегоа во комплексот.
Доселениците влегуваат во дворот на џамијата под полициско обезбедување, во сите денови од неделата, освен во петок и сабота.
Израелската радиодифузна корпорација соопшти дека полицијата ќе ги запре израелските напади, почнувајќи од утре, петок, до Рамазан бајрам, во последните 10 дена од светиот месец за муслиманите, Рамазан.