Safiye Karabacak,Nour Gelle Gedi
09 Мај 2016•Ажурирај: 10 Мај 2016
МОГАДИШУ (АА) - Во напад на бомбаш-самоубиец врз полициска станица во Могадишу, главниот град на Сомалија, загинаа четири лица, а шестмина се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информации добиени од здравствените институции, се дознава дека при напад на бомбаш-самоубиец врз сообраќајна полициска станица во Шангани, на истокот од Могадишу, загинале четири лица, а шестмина се повредени.
Според очевидци, по силната експлозија се слушале истрели и почнале да се издигаат облаци дим од полициската станица.
Во својата изјава потпаролот на градот Могадишу, Абдилфетах Омер Халени, истакна дека по детонацијата на експлозивот од страна на бомбашот-самоубиец, настанале пукотници бидејќи во полициската станица се обидело да влезе друго лице.
Сè уште никој не ја презеде одговорноста за нападот.
Одговорноста за претходните слични самоубиствени напади во Сомалија ги преземаше терористичката организација Аш-Шабаб.