Mahmut Atanur
09 Мај 2016•Ажурирај: 10 Мај 2016
ПЕКИНГ (АА) - Социјалната мрежа Фејсбук го доби судскиот спор во Кина, против фирмата која како заштитно име го користи терминот „face book“, јавува Anadolu Agency (AA).
Судот во Пекинг пресуди во корист на Фејсбук во врска со тужбата која беше подигната 2014 година против кинеската фирма "Jungshang Pearl River" за регистрираната марка „face book".
Судот пресуди во корист на Фејсбук за тужбата „Копирање и намерно прекршување на етичкиот кодекс и користење на името на добро познат бренд од страна на јавноста”.
Посетата на Кина во месец март од страна на осовачот на Фејсбук, Марк Закерберг, каде што се сретна со шефот за пропаганда, Лиу Јуншан, и основачот на кинескиот електронски гигант, "Alibaba", Џек Ма, беше окарактеризирана како обид за влез на Фејсбук на кинескиот пазар.
Високиот народен суд во Пекинг ја отфрли жалбата во спорот за повреда на брендот "Apple" со употребата на марката „IPHONE" од страна на фирмата "Shindong Tiendi" во своите производи на чанти, телфонски футроли, футроли за пасоши и други производи од кожа, под образложение дека "Apple" претходно ѝ дозволил на кинеската фирма "Shindong" да го користи брендот "IPHONE".