Fatma Esma Arslan
23 Јануари 2022•Ажурирај: 24 Јануари 2022
Извршен е ракетен напад врз француската воена база во регионот Гао во Мали, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Француските медиуми соопштија дека е извршен ракетен напад врз воената база што се наоѓа во северниот дел на оваа земја.
Исто така, француските медиуми не дадоа детали во врска со овој случај.
Меѓу другото, Министерството за одбрана на Италија соопшти дека во нападот нема повредени меѓу 20-те италијански војници што се наоѓале во таа база, и дека италијанскиот министер за одбрана, Лоренцо Гуерини, одблизу го следи настаните.
Инаку, Гао, каде што се наоѓа главната воена база на Франција во Мали, исто така е познато како центар на операцијата „Баркхане“, што веќе се спроведува од 2013 година.