Ali Mukarrem Garip
21 Октомври 2016•Ажурирај: 21 Октомври 2016
КЕРКУК (АА) - Терористичката организација ДЕАШ изврши напад врз електричната централа во округот Дибис на Керкук којшто се наоѓа во северниот дел на Багдад,при што животот го загубија 13 цивили, а 3 од нив беа ирански државјани. Исто така беше сопштено дека во нападот се повредиле и 4 припадници на безбдносните сили, јавува Anadolu Agency (AA).
Гувернаторот на округот Дибис Абдулах Нуредин во сопствената изјава за новинарот на АА рече, „ДЕАШ изврши напад врз електричната централа во северниот дел на округот. По експлодирањата на бомбите на еден од милитантите живото го загубија 13 лица вработени во централата.“
Нуредин подвлече дека безбедносните сили интервенира во настанот. “се убија тројца милитанти којшто остана внатре во централата и се повреди еден офицер и тројца полицајци“ рече тој.
Нуредин истакна дека 3 од убиените работници во централата биле ирански државјани.
Продолжува забраната за излегување во улиците во центарот на Керкук.