Mohammad Sıo
24 Април 2026•Ажурирај: 24 Април 2026
Ирак со беспилотни летала ги погоди северните погранични пунктови на Кувајт, предизвикувајќи материјална штета, но без човечки жртви, соопшти Армијата денес, јавува Анадолу.
Две беспилотни летала со експлозив погодија позиции на копнената граница утринава, во непријателски напад, стои во соопштението на Армијата.
Леталата биле наведувани преку оптички кабли и биле лансирани од територијата на Ирак, се додава во официјалното соопштение.
Нападот резултираше со материјална штета, но не се пријавени повредени лица.
Засега нема коментар од ирачка страна, ниту пак, некоја група презеде одговорност за нападот.
Фракции поврзани со Иран се активни во Ирак, при што некои групи најавија започнување воени операции насочени кон американските бази во регионот за време на заедничките американско-израелски напади против Иран на 28 февруари.
Во тие операции загинаа повеќе од 3.300 луѓе во Иран пред Вашингтон и Техеран да објават двонеделен прекин на огнот на 8 април, со посредство на Пакистан.
Војната е во прекин од 8 април согласно со прекинот на огнот постигнат со посредство на Пакистан.
Вашингтон и Техеран одржаа преговори во Пакистан минатиот викенд, додека во тек се напори за организирање нова рунда преговори.
Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот изјави дека прекинот на огнот ќе остане во сила по барање на Пакистан, сѐ додека Иран не го претстави она што тој го опиша како „унифициран предлог“.