Halit Süleyman,Ayşe Aktaş
24 Февруари 2017•Ажурирај: 25 Февруари 2017
АЛ-БАБ (АА) – Извршен е напад со бомбашко возило врз седиштето на Слободната сириска армија (ССА) во селото Сусјан, коешто припаѓа во областа на Ал-Баб. Во нападот загинаа 60 лица, а најмалку 100 се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Според добиените информации од новинарот на АА кој се наоѓа во регионот, терористичката организација ДЕАШ во нападот ги зеде за цел цивилите собрани пред седиштето на ССА во селото Сусјан коешто се наоѓа во северозападниот дел на областа Алепо, на север од градот Ал-Баб.
Бомбашкото возило на ДЕАШ експлодирало во близина на цивилите кои враќајќи се во Ал-Баб, биле собрани пред седиштето на ССА. Во нападот загинаа 60 лица, а повеќе од 100 се повредени. Исто така, во експлозијата изгореа голем број возила и мотоцикли.
Турските вооружени сили (ТСК) и ССА, во рамките на офанзивата „Штитот на Еуфрат“, која започна на 24. август минатата година, откако беше исчистено подрачјето помеѓу Азез и Џараблус, од декември се насочи кон Ал-Баб. Со подршката од ТСК, ССА го ослободи од ДЕАШ градот Ал-Баб.