Mehmet Burak Karacaoğlu,Ahmet Karaahmet
14 Јануари 2021•Ажурирај: 14 Јануари 2021
ИДЛИБ (АА) – БУРАК КАРАЏАОГЛУ- АХМЕТ КАРААХМЕТ
Граѓаните на Идлиб, кои се сместија во куќички од тули изградени од страна на Турција, придружувајќи се на повикот на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган ја повикаа Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лејен да го посети регионот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Седумдесетгодишната Фатма ал-Абед, која емигрирала од својот дом во југот на Алепо, во разговор за АА истакна дека побегнала од нападите на режимот и се засолнила во камповите во Идлиб.
„Господ на никого да не му даде да живее во шатор. Ветер, дожд, студ. Не можевме да ги заштитиме децата. Нашите ствари се поплавуваа од дождот“, нагласи Абед.
Истакнувајќи дека подоцна се сместила во куќички од тули изградени од страна на Турција, Абед рече: „Бог да го благослови Ердоган. Не заштити, не смести. Почитувана Лејен ве покануваме да дојдете тука. Да видите како живеат луѓето тука.“
Суфи ел Абид, кој живее во куќички од тули, рече дека многупати мигрирал, прво се засолнил во камповите, а потоа се сместил во куќички од тули.
Наведувајќи дека минатата зима претрпе големи страдања Абид рече: „Имаше голем студ, снег, временските услови не беа погодни. Потоа и летните месеци беа исто така многу топли.“

Нагласувајќи дека постои огромна разлика помеѓу шаторите и куќички од тули, Абид рече:
„Животот во шатор е многу тежок. Тоа го сфативме откако дојдовме во куќички од тули. Би сакал дека сите што сега живеат во шатори да се преселат во куќички од тули. Во шаторите нема ни минимум услови за живеење. Нема здравствена услуга. Нема ништо што би го олеснило животот на човекот. Се надевам дека европските претставници ќе го прифатат повикот на Ердоган и заедно да ги посетат раселените луѓе.“
Халид Шаар, кој е сместен во куќички од тули: „Ги покануваме г-ѓа Лејен и Реџеп Таип Ердоган да не посетат. Се надеваме дека ќе им помогнат на цивилите што живеат во шатори да се преселат во куќички од тули куќи.“
- Понудата на Ердоган за посета на куќичките од тули во северна Сирија
Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, претходниот ден во своето обраќање пред амбасадорите на земјите од ЕУ во Анкара, изјави дека претседателката на Комисијата на ЕУ, Урсула фон дер Лејен ја поканил да ги посети куќички од тули изградени во северна Сирија.
Претседателот Ердоган во своето обраќање пред амбасадорите на земјите од ЕУ додаде:
„На г-ѓа Урсула фон дер Лејен и реков дека би сакал заедно со нејзе да ги посетиме куќички од тули кои ги градиме во северна Сирија. Одговорни се за миграцијата, ја пратите миграцијата, дојдете тоа да го видиме заедно и да видите колку сме чувствителни кон тие прашања. Ние добивме ветување од нејзе во однос на куќичките од тули, ми рече дека и тие сакаат да изградат една сериозна бројка на куќички, но не добивме ни најмала поддршка во однос на тоа прашање.“
Ердоган исто така истакна дека до сега се изградени повеќе од половина од планираните 50.000 куќичките од тули.