Rania R.a. Abushamala
22 Мај 2026•Ажурирај: 22 Мај 2026
Началникот на Генералштабот на пакистанската Армија, фелдмаршал Асим Мунир, денес замина за Техеран, соопшти дипломатски извор, кој беше цитиран од иранската државна новинска агенција ИРНА, пренесува Анадолу.
Дипломатски извор во Исламабад за агенцијата ИРНА изјави дека Мунир отпатува за иранската престолнина на разговори со високи ирански функционери.
Изворот не откри детали за времетраењето на посетата.
Ова би била втора ваква посета на Техеран за Мунир во ек на пакистанските напори за посредување.