Muhammed Emin Canik
08 Февруари 2024•Ажурирај: 09 Февруари 2024
ГАЗА (АА) - Најмалку 27.840 Палестинци се убиени во нападите на израелските сили врз Појасот Газа од 7 октомври досега, пренесува Анадолу.
Ашраф ал Кудра, портпарол на Министерството за здравство на Палестина во Газа, ги објави најновите податоци поврзани со израелските напади врз Појасот Газа што траат веќе 125 дена.
Тој наведе дека во последните 24 часа израелските сили убиле уште 130 Палестинци во Појасот Газа, со што бројката на убиени се зголеми на 27.840.
Ал Кудра истакна дека во најновите напади врз Појасот Газа се повредени 170 лица, зголемувајќи го вкупниот број на ранети на 67.317.
Тој истакна дека под урнатините и покрај патиштата сѐ уште има мртви, но медицинските екипи и службите на цивилна заштита не можат да дојдат до телата поради нападите на израелските сили.