Mehmet Alaca
14 Декември 2021•Ажурирај: 15 Декември 2021
АНКАРА
Во експлозија на цистерна во градот Кап-Хаитиен, во северниот дел на Хаити, загинаа повеќе од 40 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Локалните медиуми објавија дека уште десетици повредени се сместени во болниците.
Поранешниот премиер на Хаити, Клод Џозеф, на социјалните мрежи изрази сочувство до семејствата на настраданите, велејќи дека ја споделува нивната болка.