Gözde Bayar,Handan Kazancı
06 Ноември 2022•Ажурирај: 07 Ноември 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 9 лица се ранети пред бар во американската сојузна држава Филаделфија, а двајца од нив се во критична состојба, соопшти полицијата доцна синоќа, известува Агенција Анадолија (АА).
Заменик-полицискиот комесар Џон М. Станфорд на новинарите им изјави дека повеќе вооружени лица испукале околу 40 куршуми.
Тој информираше дека уште не е познат мотивот за престрелката.
„Престрелката се случила на подрачјето на авениите Ист Алегени и Кенсингтон“, објавија медиумите.