Saadet Gökce
04 Август 2026•Ажурирано: 04 Август 2026
Најмалку шест лица загинаа, а едно се води како исчезнато по обилните врнежи од дожд и поплавите што ја погодија Шри Ланка, јавија денес локалните медиуми, повикувајќи се на полицијата, јавува Анадолу.
Според порталот „Ада Дерана“, најпогодени се провинцијата Сабарагамува и областите Канди и Нувара Елија.
Исчезнатото лице било однесено од надојдените води во поплавата.
За неколку подрачја беа издадени предупредувања од највисок степен за евакуација поради опасност од свлечишта, додека за крајбрежните води останаа во сила предупредувањата од највисоко ниво за силен ветер и разбранувано море.
Државниот Центар за управување со катастрофи ги предупреди жителите и на силни ветрови во северно-централните, северозападните, централните и јужните провинции, Сабарагамува, како и во округот Тринкомали.
Поради лошите временски услови, училиштата во планинските области Канди и Нувара Елија беа затворени.
Во погодените подрачја се распоредени припадници на Армијата на Шри Ланка за да помогнат во спасувачките операции и доставувањето хуманитарна помош.