Не престануваат воздушните напади: За десет дена загинаа 100 лица во Идлиб
Воздушните напади во јужните делови на Идлиб денес попладне дополнително се интензивирааBurak Karacaoğlu,Eşref Musa
29 Септември 2017•Ажурирај: 30 Септември 2017
İdlibИДЛИБ (АА) - Оваа област во јужниот дел на Идлиб и понатаму е цел на жестоки воздушни напади, јавува Anadolu Agency (AA).
Во текот на изминатите десет дена, бројот на загинатите во оваа област достигна 100 лица.
Воздушните напади во јужните делови на Идлиб дополнително се интензивираа денес, во попладневните часови.
Црниот чад, кој се ширеше над селата Рас ел-Хус и Харим, можеше да се види и од местото Рејханли, кое е недалеку од градот Хатај, на границата помеѓу Турција и Сирија.
Во нападот на Харим наводно загинаа 12 цивили, од кои петмина се деца.
Од утринава, јужно од Идлиб се бомбардирани четири гратчиња, четири населби и петнаесет села.
Во западниот дел на Идлиб, во областа прогласена за „зона без судири“, бомбардирани се гратче, населба и четири села.
Бројот на загинатите луѓе во областа достигна 20 лица, вклучувајќи ги и осумтемина кои загинаа во утринските напади.
Јужен Идлиб од 19 септември е изложен на интензивни воздушни напади на силите лојални на сирискиот претседател Башар ал Асад, како и од страна на Русија.
Идлиб е сириски град во кој живеат 2,5 милиони цивили и е под контрола на сириската опозиција. На иницијатива на Турција и Русија, овој регион е прогласен за зона без судири, но силите на сирискиот режим по пауза од 45 дена, повторно почна да изведува воздушни напади во тој регион.
Во рамките на шестиот круг од мировните разговори во Астана, Казахстан, делегациите од Турција, Русија и на Иран како земји-гаранти на мировниот процес, се договорија да испратат набљудувачки мисии со цел да се следи спроведувањето на прекинот на огнот во Идлиб.