Esat Fırat
05 Април 2018•Ажурирај: 07 Април 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Неколку стотици радикални Евреи, во придружба на израелската полиција упаднаа во дворот на џамијата „Ал-Акса“ во Источен Ерусалим (Кудс), јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Дирекцијата на Ерусалим, се наведува дека во утринските часови, во „Ал-Акса“ влегле повеќе од 490, а во попладневните часови 187 радикални Евреи.
За седум дена, повеќе од 2.400 радикални Евреи влегоа во комплексот „Ал-Акса“.
Минатата недела, на влезовите на „Ал-Акса“ во Источен Ерусалим (Кудс) се појавија плакати со кои се повикуваат муслиманите во петок, на 30 март, во утринските часови да го напуштат комплексот поради одбележувањето на Пасха.
Овие денови, за време на одбележувањето на Пасха, дојде до зголемување на бројот на радикални Евреи во комплексот на „Ал-Акса“.
Во претходните години, на Пасха доаѓало до конфликт помеѓу Евреите и муслиманите во и надвор од комплексот.
Пасха е еден од поважните празници на Евреите. Славењето започнува на 30 март, а ќе трае до 7 април. Целата недела за време на празникот, јавните институции во Израел не работат.