Erbil Başay
05 Април 2018•Ажурирај: 06 Април 2018
БEРЛИН (АА) - Поранешниот каталонски претседател Карлес Пуџдемон кој беше уапсен на крајот од март, според одлуката на германскиот суд беше пуштен со мерки за забрана, јавува Anadolu Agency (AA).
Вишиот суд во Шлезвиг-Холштајн донесе одлука за ослободување на Пуџдемон со мерки за забрана, но налогот за неговото апсење ќе остане на сила.
Пуџдемон на 25 март беше приведен во Германија додека се враќал во Белгија, каде што престојува откако ја напушти Шпанија.
Судот во Германија утврди дека обвинението за побуна не е прифатлива причина за екстрадиција на Пуџдемон.
Во одлуката на Судот се наведува дека е потребно да плати кауција од 75.000 евра за судската одлука во овој случај да биде спроведена.
На 3 април германското обвинителство побара екстрадиција на поранешниот каталонски лидер Карлес Пуџдемон во Шпанија.
Обвинителството во градот Шлезвиг поднесе барање до регионалниот, Пуџдемон да биде ставен во предекстрадициски притвор по „интензивна проверка" на европскиот налог за апсење кој го издаде Шпанија.
Шпанското судство го терети за побуна откако парламентот Каталонија прогласи независност врз основа на референдумот за независноста од 1-ви октомври, иако шпанската влада го прогласи референдумот неуставен.
Освен за побуна, Мадрид 55-годишниот поранешен каталонски лидер исто така го терети и за злоупотреба на јавните средства.