Aida Cako
05 Јуни 2025•Ажурирај: 06 Јуни 2025
СКОПЈЕ (АА) - Неколку лица беа приведени за време на пропалестинскиот протест во близина на градското Собрание во Ротердам вчера, според полициските извештаи, јавува Анадолу.
Протестите беа организирани со цел осуда на наводната улога на данската бродска компанија „Маерск“ и пристаништето во Ротердам во олеснувањето на испораката на компоненти за борбените авиони Ф-35 во Израел.
Полицијата одговори на протестот со сила, распоредувајќи полициски кучиња и користејќи агресивна тактика за растерување на толпата.
Властите потврдија повеќе приведувања за време на операцијата, но вкупниот број приведени не е официјално објавен.