Elena Teslova
22 Септември 2024•Ажурирај: 23 Септември 2024
МОСКВА (АА) - Затворениците во затворска колонија во јужен Казахстан вчера организираа немири, предизвикувајќи пожар за време на инспекцијата за дрога и други шверцувани производи, соопшти Комитетот на затворскиот систем (КЗС), известува Анадолу.
Комитетот соопшти дека ситуацијата во затворската колонија, лоцирана во регионот Туркестан во Казахстан е стабилизирана, истакнувајќи дека на местото на настанот пристигнал и претседателот на КЗС, заедно со персоналот на Националната гарда и надзорните органи.
Медиумот „Orda.kz“ објавија дека инцидентот се случил во колонијата број 55 во градот Ланге, наведувајќи дека инспекцијата на дрога предизвикала немир меѓу осудените, кои запалиле електричен трансформатор.
Во бунтот учествувале околу 400 од повеќе од 700 затвореници колку имало во колонијата.