Uğur Ertaş
11 Април 2016•Ажурирај: 11 Април 2016
АНКАРА (AA) - Техран и Астана потпишаа договор вреден 600 милиони долари за изградба на три електрани во Казахстан, соопшти денес Иранската новинска агенција ‘Mehr’, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Проектот во Казахстан ќе се спроведе од страна на иранските градежници и изведувачи со помош на странски финансии, одбележувајќи го потфатот од ваков тип во централно-азиската земја, рече Бахман Салехи, извршниот директор на иранската компанија за управување со води и извозни услуги (SUNIR).
Договорот вклучува градење на три електрани во Казахстан; две ветерници со капацитет од 50 и 60 мегавати (MW), и една термоелектрана со капацитет од 250 мегавати.
Електраните ќе бидат изградени на казахстанскиот брег од Каспиското Море каде ќе биде ставена во употреба локалната опрема.
Од страна на двете земји беа потпишани и различни договори во областа на инфраструктурни.
“Покрај изградбата на трите електрани, исто така беа постигнати и договори со казахстанските власти за примена на проекти за изградба на патишта, проекти за води и отпадни води, гасоводи, проекти за развој на рударството и истражување за кои ќе биде потпишан Меморандум за разбирање,” додаде Салехи.
Во моментот, Иран има проекти за вода и електрична енергија во 13 странски земји од кои Азербејџан, Куба, Етиопија, Ирак и Пакистан се рангираат како топ 5 земји на листата.