Ekipa
01 Декември 2022•Ажурирај: 02 Декември 2022
АНКАРА (АА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го критикуваше поранешниот американски претседател Доналд Трамп што на вечера поканил гости познати по своите антисемитски ставови, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На вечерата организирана во чест на поранешниот претседател на САД, Трамп беше домаќин и на две познати личности кои се сметаат за антисемитисти и негатори на холокаустот.
Нетанјаху средбата на Трамп со белиот супремацист Ник Фуентес и раперот Канје Вест ја нарече „грешка“.
Ова е прва јавна критика на Нетанјаху кон Трамп, кој имаше силни врски со него во времето кога беше премиер на Израел.
„Сметаме дека е погрешна одлуката на претседателот Трамп да вечера со овие луѓе. Мислам дека тоа е грешка. Тој не требаше да го направи тоа“, рече Нетанјаху во интервју за американскиот новинар Бари Вајс.
Нетанјаху, сепак, призна дека Трамп го поддржувал кога бил на власт. Тој потсети дека Трамп е американски претседател кој за првпат ја пресели Американската амбасада во Ерусалим, нешто што ниту еден американски претседател не го направил тоа пред него.
Средбата на Трамп со некои од гостите на вечерата, исто така, наиде на осуда од членовите на американскиот Конгрес и еврејските организации во Соединетите Американски Држави (САД).