Hakan Çopur
11 Мај 2016•Ажурирај: 11 Мај 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Во продолжение на американските внатрепартиски трки на претседателските кандидати во демократскиот табор во Западна Вирџинија, победата ја оствари сенаторот од Вермонт, Барни Сандерс, додека во републиканскиот табор единствениот преостанат кандидат, Доналд Трамп, славеше победа и во Западна Вирџинија и во Небраска, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателските избори во САД ќе бидат одржани на 8-ми ноември оваа година, а во завршната фаза влегуваат внатрепартиските трки за претседателски кандидати.
Инаку Сандерс синоќа во Западна Вирџинија освои 16 нови делегатски гласови и собра вкупно 1.469 гласови, неговата опонентка и поранешна американска државна секретарка Хилари Клинтон е и понатаму во предност со вкупно 2.239 делегатски гласови, меѓу кои се и 11-те гласови кои синоќа ги собра во Западна Вирџинија.
За номинација на претседателски кандидат од редот на Демократската партија потребно е да се соберат 2.282 делегатски гласови.
Од друга страна, во таборот на Демократската партија работите се значително појасни бидејќи Трамп остана единствен претендент за номинација откако на 3-ти мај во Индијана од трката се откажаа неговите ривали Тед Круз и Џон Касич.
Трамп според неофицијалните резултати во Западна Вирџинија освои 76 отсто, а во Индијана 61 отсто од гласовите.
До сега собра вкупно 1.059 делегатски гласови,а за номинациja за републикански претседателски кандидат потребни му се 1.237 такви гласови.
Следните внатрепартиски избори ќе бидат одржани на 17-ти мај во сојузните држави Кентаки и Орегон.
Конечните одлуки за номинација во двете американски партии ќе бидат донесени на партиските конвенции кои ќе се одржат во јули оваа година. Републиканците ќе го сторат тоа од 18-ти до 21-ви јули во Кливленд, додека Демократската партија својата конвенција ќе ја одржи од 25-ти до 28-ми јули во Филаделфија.