Esat Fırat
25 Февруари 2020•Ажурирај: 26 Февруари 2020
ЕРУСАЛИМ (АА) - Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху издаде наредба за изградба на 3.500 станбени единици за еврејските доселеници во Источен Ерусалим (Кудс), кој се наоѓа под израелска окупација, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според израелскиот јавен сервис КАН, премиерот Нетанјаху изјавил „Ние го градиме Ерусалим (Кудс) и неговата околина. Издадов наредба за изградба на 3.500 стана во Зоната Е1.“
Нетанјаху истакна дека со оваа одлука планира во реалност да го спроведе проектот за еврејска населба познат како „Е1“, со кој еврејската населба Маале Адумим, сместена во источниот дел на Ерусалим, се поврзува со Западен Ерусалим (Кудс).
- Израелскиот проект „Е1“ -
Бедуинските заедници во местата Хан ел Ахмер, Ебу Нувар, Ел Минтар и долината Џимел, сместени во руралните делови на Источен Ерусалим (Кудс), се домаќини на Палестинците кои во 1953 година присилно беа раселени од пустината Негев од страна на Израелците.
Подрачјето кое од Источен Ерусалим се протега до Мртвото Море зафаќа површина од 12.000 декари и е дел од проектот „Е1“, кој „предвидува оваа земја да се одземе од Палестинците“.
Палестинската страна истакнува дека целта на Израел со овие уривања е бедуините да ги натераат да мигрираат кон Источен Ерусалим (Кудс), Ел Ајзарије и кон Мртвото Море, планирајќи меѓусебно поврзување на еврејските населби.
Зоната „Е1“ ја опфаќа и еврејската населба Маале Адумим во која живеат околу 50.000 еврејски доселеници.